← Назад кон блогот
Апликација

ФотоПДФ — Верзија 3.0

Верзија 3.0 - Оваа верзија донесува голема новина — личната Архива на документи! Зачувај ги твоите PDF фајлови директно во апликацијата со име по твој избор.

Што е ново!?

Лична Архива: Сите ваши документи се зачувани со име и лесно достапни на едно место.

  • Директен преглед: Види го документот веднаш во апликацијата.
  • Брзо споделување: Испрати преку Viber, WhatsApp, Email и многу други.
  • Идеално за документи: Опцијата за повеќе слики на страна е совршена за лични карти и пасоши зачувани во вашата Архива на апликацијата.

Накратко:

Зачувај ги твоите PDF фајлови директно во апликацијата со име по твој избор. Повеќе нема да луташ по Downloads папката — сè е на едно место, именувано како што ти одговара.

Од Архивата можеш да го отвориш и прегледаш фајлот директно во апликацијата, да го споделиш преку Viber, WhatsApp или email, или да го избришеш кога повеќе не ти треба.

Исто така, подобрен е изгледот на главниот екран за поудобно користење.

ФотоПДФ: Од слика до PDF за неколку секунди!Едноставно. Брзо, бесплатно, без реклами, на Македонски јазик.

Ви благодариме што сте дел од приказната

#NetMkd не е само проект – тоа е местото каде идеите стануваат корисни алатки за сите нас. Но, тие алатки имаат смисла само ако се користат.

Ако сакаме дигитална иднина со која ќе се гордееме, мора да ја градиме на темели на искреност и достапност. Фала ви што сте дел од оваа приказна и што верувате во технологија која им служи на луѓето, а не обратно.

#МакедонскиПроизвод #СеНаЕдноМесто #Бесплатно #БезРеклами


Изработено со љубов од NetMkd 🇲🇰
Погледнете ги сите достапни алатки на нашиот профил на Google Play.